„Вкупниот долг во јавното здравство веројатно надминува 100 милиони евра, долг кој е настанат заради несоодветното буџетирање во изминатиот период, буџетот е едвај доволен за покривање на платите. Значи, речиси 80 отсто од буџетот оди за плати и за функциите останува многу малку, тоа се долгови за лаборатории, за кујна, за технички работи и друго. Поради таа состојба и еден од битните апарати-компјутерската томографија веќе од март месец е надвор од функција, бидејќи апаратот е дотраен и не се обновува, а опслужува едно широко подрачје. Само во Струмица се над 100 илјади осигуреници, а оваа болница опслужува многу повеќе од тоа, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување“ (ФЗО), Сашо Клековски, при посета на ЈЗУ „Општа болница Струмица“.
На новинарско прашање од МИА кога може да се очекува да се надмине проблемот со функционирањето на апаратот за компјутерска томографија и кој е надлежен за неговата набавка, директорот на Фондот со одговор дека набавката на нова опрема не е јасно поделена меѓу Министерството за здравство и ФЗО.
„ФЗОМ е задолжен за одржувањето, меѓутоа во основното финансирање може да обезбеди и поддршка. Една од темите на разговор сега ни беше дали е логично да понатаму поправаме апарат кој 12 години е во функција со двапати поголема искористеност од техничките карактеристики на апаратот или е време да се набави нов, како тоа ќе влијае на осигурениците во Југоисточниот регион бидејќи тој осплужува поголемо подрачје така што мислам дека ќе најдеме брзо решение за тоа“, одговори Клековски.