Група на пациенти на клиниката за Хематологија, при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје испрати писмо до редакцијата на здравство.мк во кое прашуваат што се случува со лековите за пациентите на клиниката за Хематологија?

-Лекови нема, ниту едно апче, кога и да побараме, ни посочуваат дека немаат добиено, дали е проблем со тендерот или воопшто немаат порачано, нас како пациенти не интересира и би сакале да дознаеме. Дали може да ни помогнете да дојдеме до информација за лековите, бидејќи недостатокот на лекови не е од вчера, веќе подолго време ги нема потребните лекови и тие што ги имаше се потрошија и сега ние како пациенти што да правиме?

Посочено е во мејлот дека нема повеќе лекови и тоа од типот: АЦИКЛОВИР, ЦИКЛОСПОРИН, СПАЗМЕКС, УРСОБИЛ, ЛАСИКС, ДИФЛУКАЗОН како и уште низа други.

Освен тоа пациентите се жалат дека нема и имуноглобулини, кои не се лекови кои можат пациентите едноставно да ги набават во аптека. Поради сето ова претходно наведено и грижата за македонските пациенти како примарна цел, нашата редакција испрати и допис до министерството за здравство барајќи одговор на посочениот недостаток на лекови, зошто се појавил, дали е вистинит, ако не е, дали имаат документи со кои ќе го посочат дека тоа не е така, како и низа други прашања, дали е започнат тендерот, до каде постапката за набавка на овие лекови и што да прават во меѓувреме пациентите како да преживеат?

Сите овие прашања ги упатуваме и јавно исто како и по мејл што го сторивме тоа и очекуваме одговор. Министре Филипче одважете се, направете исчекор кон вашите пациенти и дајте вистински одговори! Престанете со интерес само за тендерите, заинтересирајте се што се случува на клиниките за Хематологија, Ревматологија, таму каде што пациентите реагираат и им е потребна реакција, лекови и доктори, не демагогии и лажни ветувања!

Вие сте не ред, министре Филипче, народот и јавноста чекаат одговор!