Позитивни ефекти на умерено пиење кафе врз здравјето ни се веќе познати. Но постои начин за тоа како можете да го направите овој пијалок уште поздрав, но и повеќе ароматичен.
Цимет – Ставете цимет во прав или вметнете стапче од цимет во чашата – овој зачин има антивирусни и антибактериски својства, што е многу корисно во постудените месеци, истовремено помагајќи во регулирање на нивото на шеќер во крвта и триглицерид.
Ѓумбир – Можете исто така да додадете малку ѓумбир во прав во кафето – ѓумбирот го стимулира варењето, ја намалува надуеноста и гасовите, а исто така помага при симптоми на настинка. Овој зачин исто така има антиинфламаторно дејство.
Какао и црно чоколадо – флавонолите од какаото ја зголемуваат циркулацијата, концентрацијата и будноста, го регулираат крвниот притисок и делуваат антиинфламаторно. Додадете една лажичка какао во прав или ставете 2 коцки црно чоколадо во кафето за да се стопи.
Кокосово млеко и кокосово масло – кокосовото млеко е добра алтернативна замена на кравјото млеко, особено ако сте забележале дека ви пречи лактоза. Кокосовото млеко и кокосовото масло содржат лауринска киселина, која го зајакнува имунитетот и се претвора во монолаурин во организмот, соединение со антивирусни и антибактериски својства. Во однос на количината, можете да пробате кафе со додавање на 1 лажица кокосово млеко или 1 лажица кафе кокосово масло за почеток.
Шеќер од кокос – овој шеќер не потекнува од кокос, туку од сокот од кокосовото дрво. Содржи мали количини цинк, железо, магнезиум и витамин Б-комплекс. Кокосовиот шеќер содржи инулин, кој делува како пребиотик, со што се стимулира растот на пријателски бактерии во цревата.
Екстракт од ванила – ванилата традиционално се користи не само за нејзината слатка арома, туку и за нејзините лековити својства. Ванилата ја стимулира концентрацијата и има корисен ефект врз расположението. Мирисот на ванила помага и во контролата на апетитот.