Уште поважно е да бидеме нежни кон себе и постепено да ги прифаќаме сите фази низ кои поминува нашето тело.

Доколку ви е тешко да го прифатите вашето тело, следниве совети би требало да ви се од помош:

1. Исчистете го списокот на луѓе што ги следите на социјалните мрежи

Социјалните мрежи станаа неопходен дел од нашите животи. Иако имаат свои позитивни страни, истите можат драстично да влијаат врз расположението.

Кога следиме непознати лица со совршени тела, чии фотографии дефинитивно се обработени, ни се чини дека тие се многу подобри од нас и дека никогаш нема да бидеме како нив.

Слично е и со фотографии кои прикажуваат нечија состојба на телото пред и по трансформацијата.

Додека некои ги сметаат за мотивирачки, овие слики поттикнуваат нездрави споредби и аспирации за диети и вежби, што можеби не се соодветни за моменталната состојба на нашето тело.

kako-da-go-prifatite-vasheto-telo-onakvo-kakvo-shto-e-03.jpg

2. Не се принудувајте да го јадете она што не ви се допаѓа

Кога ќе решиме да ги промениме навиките за јадење, многу е важно да не правиме драстична разлика преку ноќ и одеднаш да исфрлиме сè што порано сакавме да јадеме.

Да, овошјето и зеленчукот му прават добро на нашето тело, но тоа не значи дека мора да јадете брокула ако не го сакате нејзиниот вкус.

kako-da-go-prifatite-vasheto-telo-onakvo-kakvo-shto-e-05.jpg

3. Испробајте различни форми на вежбање

Факт е дека нашето тело треба да се движи ако сакаме да ја одржиме виталноста во подоцнежните години од животот, а тоа нема никаква врска со тоа дали сме на диета или не.

За навистина да се чувствуваме пријатно, треба да ја пронајдеме формата на вежбање што најмногу ни одговара. Доколку не се чувствувате пријатно во преполна теретана, вежбајте дома.

kako-da-go-prifatite-vasheto-telo-onakvo-kakvo-shto-e-04.jpg

4. Оддалечете се од пријателите кои се опседнати со килограми и изглед

Да се биде позитивен и да се фокусира на малите чекори не е воопшто едноставно ако во друштвото имате личност што ја брои секоја калорија и која не ја напушта куќата без да биде средена како да излегува од модна писта.

За време на интензивна работа, оддалечете се од такви лица. Нивните коментари во еден момент можат да урнат сè што сте граделе со недели и месеци.

kako-da-go-prifatite-vasheto-telo-onakvo-kakvo-shto-e-02.jpg