Министерот Венко Филипче изјави дека за изградбата на Клиничката болница во Штип ќе бидат потребни дополнителни 7 од првичните 30 милиони евра за да се надополни и модернизира проектот. Но зошто не бил планиран системот за електрика и како е започната изградба на болницата со нецелосен проект тој посочи дека не може да каже. Исто така изјави и дека дел од фасадата треба да биде огноотпорна и дека треба да има измени во машинството согласно европските стандарди.
Само за потсетување, изградбата на болницата во Штип започна во 2016 година, а требаше да биде готова пред две години. Значи досега изградбата на овој најголем капитален објект во регионот е стопирана четири пати. Тоа за пациентите, здравствените работници и сите засегнати страни ќе значи дека сите нивни потреби и побарувања во рамки на здравствениот систем ќе мора да бидат одложени се додека владата не се смилува да обрне внимание на македонскиот пациент од истокот и да го исполни она што го ветила. Другата алтернатива на македонските пациенти е да се смени власта и да дојдат политичари и министри кои ќе се грижат за македонските пациенти во целост и нивното здравје.
Застојот во изградбата дефинитивно ќе го пролонгира и рокот на изведбата, па првата фаза според сегашните предвидувања, треба да биде завршена наредната година, односно 2021- година. Според најавата на Филипче, оваа изградба треба да стартува на крајот од овој месец, а државата ќе позајми пола милијарда евра за реализација на проектот.