Целулитот е еден од најголемите естетски проблеми со кои се соочуваат голем број жени. Повеќето жените веруваат дека од целулитот можат да се ослободат со диета и вежбање, но вистината е дека тоа се само превентивни мерки кои не помагаат доколку целулитот веќе постои, предупредуваат стручњаците…
Целулитот е појава со која се соочуваат преку 80 проценти од женската популација, а станува збор за масни клетки во подрачјето на бедрата, колковите, надлактиците, задникот и нозете. Појавата на целулит може да биде предизвикана од различни фактори, кои можат да бидат генетски, но и поврзани со цела низа други фактори како што се бременоста, хормоналните пореметувања, дебелината, пушењето и алкохолот.
Некои стручњаци тврдат дека многу потешко ќе се ослободите од целулитот доколку редовно и упорно вежбате бидејќи така целулитот се врзува за мускулите и станува помалку видлив, но и понатаму е присутен.
Од друга страна пак таканаречениот мек целулит е визулено многу погрд, но од него полесно можете да се ослободите со помош на соодветен пилинг, антицелулитна крема и лесни домашни вежби.
При борбата против целулитот со помош на препарати на база на кофеин и цитрус кои ги тонизираат мускулите, навистина е важно да се усвојат и навиките за правилно конзумирање на храна и течности.
Многу е важно да се пијат по неколку чаши вода на ден, но не премногу затоа што така ќе ја успорите работата на бубрезите. Кафето и алкохолот треба да се избегнуваат, а исто така и животинските масти.
Многу е важно да се избегнува и пресолена и зачинета храна бидејќи солта ја задржува водата, а тоа предизвикува појава на целулит. Наместо солена храна јадете овошје богато со витамин Ц и калиум бидејќи тие ги отстрануваат токисните од организмот.
Исто така, многу е важна и секојдневната масажа на деловите зафатени со целулит. Масажата треба да биде лесна бидејќи целулитот е веднаш под кожата и за неговото разбивање нема потреба од груба масажа.