Кога исхраната која вклучува намирници од животинско потекло ќе ја замените со билна, реакцијата на телото е неминовна и таа зависи од возраста, сметаат експертите.
Телото ќе чувствува потреба за некои витамини и минерали во различни животни периоди.
Нутриционистката Џени Карсон открила што може да се случи со припадниците на различни старосни групи кои ќе одлучат да се обидат со вегански начин на исхрана, како и на внесувањето на кои микронутриенти е потребно да се обрати внимание.
Од 20 до 30 години
“Ова се години кога посебно внимание треба да се обрати на коските и детоксикацијата бидејќи исхраната во овој период од животот влијае на подоцнежниот живот. За енергија и управување на стресот важни се витамините од групата Б и магнезиум, а лицата кои вежбаат и жените мораат да внимаваат на внесувањето на железо и калциум”, објаснила Карсон.
Таа додала дека е многу важен витаминот Б12, кој се наоѓа само во производите од животинско потекло.
“Неопходно е да се внесува витаминот Б12 во облик на суплемент. Најчест симптом на недоволното внесување на витаминот Б12 заморот. Недостигот на енергија е резултат на улогата на витаминот Б12 во производство на црвени крвни зрнца, кои го транспортираат кислородот до клетките во телото во кои се произведува енергија”, вели Карсон.
Од 30 до 45 години
Во оваа животна фаза најголем ефект на човековото здравје ќе има родителството и периодот пред менопаузата.
“Важно е квалитетно да спиете и да се релаксирате. Фокусот треба да биде доволното внесување на магнезиум, Б витамин, калциум и витамин Д и К. Како старее телото, способноста за варење на храната може да опаѓа, па важно е да се посветите и на тој сегмент. размислете што ќе јадете и избегнувајте намирници за кои сте забележале дека ви предизикуваат проблеми”, советува нутриционистката.
45 години и повеќе
По 45-тата година луѓето ја откриваат слободата бидејќи помалку работат, а децата им се посамостојни. Сепак, може да се појават проблеми со коските, зглобовите и когнитивното здравје.
“Важни се омега-3 масните киселини кои обезбедуваат здравје на мозокот и зглобовите. Исто така, не треба да се заборави на витаминот Д, кој е важен за здравите коски, имунолошката функција и апсорпцијата на други нутриенти”, предупредува нутриционистката.
Нејзиниот совет е да користите мултивитамини за ниеден важен нутриент да не остане заборавен и за телото да може нормално да функционира.
“Бирајте додатоци во исхраната кои се квалитетни, односно избегнувајте се што содржи боја, адитиви или шеќери”, заклучила Карсон.