Функцијата директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје веќе неколку месеци ја извршува Салија Љатиф, која по професија е стоматолог. Секретарката на Геријатрија, Фетије Сефер, потврди дека Љатиф по професија е стоматолог, но рече дека е нова и нема дополнителни информации.
Министерството за здравство, во врска со стручноста на Љатиф за да ја извржува функцијата директор, засега не коментира.
Неофицијално, претходно работела како забен техничар во ноќна служба во поликлиника Битпазар, и нема ни ден работно искуство како раководител.
Љатиф претходно била локален медијатор во рамки на проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот”, имплементиран од Женска граѓанска асоцијација – АНТИКО од Скопје и CARE – Deutschland/Luxemburg e.V, финансиран од Европската унија. Во ИРИЗ работела како проектен координатор на проектите Медицински стипендии за Роми (RHSP), компонента застапување и медиумска промоција, финанисиски поддржани од OSF и REF, имплементирани од ФООМ и „Политики за претприемништво во Република Македонија за надминување на другоста кај Ромите”, имплементирани од Центарот за економски анализи – ЦЕА во Скопје и ИРИЗ.
Сличен е и случајот со директорот на Институтот за ТБЦ, каде се лекуваат пациенти со туберкулоза. Тамошниот менаџер Предраг Божичковиќ е гинеколог по професија и има приватна гинеколошка ординација во Куманово. Се уште е нејасно колку и какви познавањ аима со опасната болест туберкулоза.