Фикусот, според фенг шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот.Според древната кинеска техника, треба да биде во десната зона од станот. Носи среќа, мир и хармонија во домот.
Држете го далеку од североисток, југозапад и централните делови на станот или куќата.
Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на Сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.Совети за одгледување собни растенија – Фикус.
Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.