Најновото американско истражување сугерира дека одредени препарати за убавина можат сериозно да му наштетат на вашето здравје.
Новото истражување објавено е во „International Journal of Cancer“ и открива дека кај жените кои користат трајна фарба за коса и хемиски препарати за исправување на косата, постои поголем ризик на заболување од рак на дојките.
Веста која беше објавена на почетокот на овој месец загрижила поголем процент од жените ширум светот кои косата ја третираат на овој начин.
Дали има вистина во ова тврдење?
Истражувањто кое го направиле од Националниот институт за здравје во „International Journal of Cancer“, анализирало податоци од околу 46.000 жени, а кои сите имале сестри на кои им било дијагностицирано рак. За време на истражувањето, испитаниците немале рак.
Истражувачите откриле дека кај жените кои користат трајна фарба за коса во последните години, за 9 отсто е зголемен ризикот од појава на канцер во однос на оние кои не ги фарбаат косите.
Употребата на трајната фарба за коса на секои пет до осум недели е поврзана со зголемување на карцином на дојка за 60 отсто кај Афроамериканките додека пак кај жените од белата раса ризикот се зголемува за 8 отсто.
Влијанието на хемиските препарати за исправување на косата исто така биле анализирани. Истражувањето открило дека жените кои ги користеле на секои пет до осум недели имале 30 отсто поголеми шанси да заболат од канцер на дојка.
Статистиките биле слични кај жените од белата раса и кај Афроамериканките.
Истражувачите се сомневаат дека одреден дел од хемиските супстанци кои се застапени во овие производи за коса го уништуваат естрогенот и другите хормони во телото што доведува до зголемен ризик од рак.
„Кај овие жени веќе постојат генетски предиспозиции за појава на ова тешко заболување затоа што секоја од испитаничките имала сестра или пак некоја блиска роднина која веќе боледувала од рак. Така што, резултатите од ова истражување не се конечни и треба да се направат попрецизни анализи пред, ние докторите, да им препорачаме на жените да не користат трајна фарба за коса“ – изјавила д-р Стефани Берник за порталот „Woman’s Health“.