Дињата е зеленчук кој често се заменува со овошје, а претставува најдобриот освежувач во текот на летото. Бидејќи содржи голема количина на вода идеална е за хидратација, а има релативно малку калории, па погодна е и за диета, но и како диуретик и за чистење на организмот.

Една порција од 150 грама диња содржи 53 калории, 0,3 грама масти, 13 грама јаглени хидрати, 1,4 грама влакна, 30 отсто од дневната количина на витамин А, 78 отсто од дневната количина на витамин Ц и некои калифорниски сорти Познато е дека содржат дури сто проценти од дневните потреби на витамините А и Ц.

Овој вкусен зеленчук е богат со антиоксиданси холин, зеаксантин и бета-каротин, кои го штитат организмот од многу болести. Дињата содржи хранливи материи бета-каротен (од кои се ослободува витаминот А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин, кој делува како антиоксиданс и заштита од УВ. Каротеноидите, на пример, ја забавуваат макуларната дегенерација (болест на централниот дел на мрежницата кај постарите лица), додека витамините А и Ц можат да го забават развојот на глауком. Бета-каротенот го намалува ризикот од астма, како и витаминот Ц.

Богата со влакна, калиум, витамин Ц и холин, пожелна е и за здравјето на срцето. Јадењето храна богата со калиум помага во регулирањето на нивото на натриум, што е важно за лекување на високиот крвен притисок. Калиумот е потребен и за регулирање на рамнотежата на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во преносот на електричните импулси до срцето. Внесувањето на калиум е исто така поврзано со намален ризик од мозочен удар и губење на мускулната маса.

Дињата е и лесно сварлива храна и се препорачува да се јаде на празен стомак и пред друг оброк. Добар избор е и за оние со чувствителен стомак бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на телото за варење на храната. Поради изобилството на влакна и вода, спречува запек и помага во регулирањето на варењето, здравјето на дигестивниот тракт и исфрлањето на токсините од цревата.

Холинот, важна хранлива материја во дињата, помага за подобар сон, учење и меморија. Важно е и за одржување на еластичноста на клеточните мембрани, пренос на нервните импулси, искористување на маснотиите и намалување на хроничното воспаление.

Редовното консумирање диња е одлично за убавината на кожата и косата поради влијанието на витаминот А, кој е неопходен за производство на себум кој ја навлажнува кожата и косата и е неопходен за нивниот раст. Дури и семките од диња, кои исто така се јадливи, се богати со протеини, влакна и омега-3 масни киселини.