Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука.
Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум кои се всушност последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија.
– Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука. Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум и тие веќе се составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија, соопштија од МЗ.
Попладнево министерот за здравство Венко Филипче ги посети неговите колеги на Урологија, на тимот предводен од д-р Сашо Дохчев и му посака уште многу успешни операции.