Шолјичка топло кафе содржи во себе поголема концентрација антиоксиданси отколку ладното кафе. Поточно, се верува дека млакото или целосно ладното кафе носи помалку здравствени бенефити во однос на она топлото, покажува едно истражување.
Студијата дошла до заклучок дека врелото кафе има некои мерливи здравствени предности, вклучувајќи помал ризик од некои карциноми, дијабетес и депресија.
Истражувачите од универзитетот Томас Џеферсон во САД, доле до заклучок дека врелото кафе имало повеќе т.н. титратибилни кислеини, кои инаку можат да бидат одговорни за поголемите антиоксидативни вредности во топлото кафе.
„Кафето содржи полно антиоксиданси. Ако пиете умерено, истражувањето покажува дека тоа може да биде прилично добро за вас. Дојдовме до заклучок дека топлото кафе има повеќе антиоксидациски капацитет во однос на ладното“, истакнала Меган Фулер.
Исто така, резултатите објавени во списанието Scientific Reports, откриле дека pH вредностите на врелото и на ладното кафе се многу слични, односно, се движат во распон од 4,85 до 5,13 за сите видови на кафе кои се тестирани.