Меѓу фитнес блогерите и спортистите, авокадото стана многу популарна намирница за која сите претпоставуваат дека гарантира совршена тежина.
Иако во последно време се пропагира како многу здраво, диететичарите предупредуваат дека авокадото не е толку здраво како што мислат повеќето.
Два реда чоколадо (20 грама) содржи 117 калории.
Едно цело авокадо има 330 калории и е богато со природни масти кои се одлични за здравјето на срцето, но е енергетски многу густ, па затоа се препорачува да јадете една четвртина авокадо наместо цело.
Една парче леб од житни култури има 128 калории и да, лебот е здрав и јаглехидратите не се лоши за вас.
Не се обидуваме да ве убедиме дека е подобро да јадете чоколадо и леб наместо авокадо или друга здрава намирница, туку дека клучот е големината на порцијата, па и кога станува збор за здрави намирници.
Треба да ви биде јасно од каде доаѓаат калориите и да се фокусирате на разумни порции што ќе ви осигураат здрава тежина.