Чоколадната торта без брашно е рецепт кој сите го бараат овие денови. Многу лесно се прави, нема шанси да го згрешите, а вкусот е незаборавен. Оваа чоколадна торта се прави многу лесно.

Состојки:

175 гр темно чоколадо
7 јајца
140 гр путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 130 степени.
Тавата за торта обложете ја со хартија за печење. Најдобро би било да користите класичен тркалезен калап или потенко тавче кое потоа може да се загрее во рерна. Чоколадото искршете го на коцки и стопете го на пареа, па кога ќе се растопи измешајте го путерот. Мешајте додека целосно не се растопи. Изматете ги жолчките и додајте ги во изладената смеса додека нежно мешате.
Во друг сад изматете тврда смеса од белки, па додадете ја лажица по лажица во подготвената смеса.
Нежно мешајте додека смесата не стане компактна.

Истурете во подготвената тава и покријте со фолија. Ставете ја тавата со смеса во поголем сад за печење, наполнете го со топла вода до половина од калапот. Печете околу 25 минути, додека површината не е со крцкава кора, а центарот да остане мек.

Оставете го да се излади и декорирајте по желба.