Бубрезите се меѓу најважните органи во човечкиот организам. Тие се договорни за одржување на постојаната рамнотежа во организмот, поточно состојба наречена хемостаза, но исто така одговорни се и за отстранување на крајните непотребни продукти на метаболизмот.

Имајќи ја оваа многу важна функција, здравјето на бубрезите е грижа која не е лесно да се практикува. Кај постарите луѓе докажано е дека здравјето на бубрезите е од витално значење за здравјето на коските кои како што старееме, стануваат се послаби и по кршливи.

Токму затоа во продолжение посочуваме неколку секојдневни навики кои можат да му наштетат на нашето, но и на здравјето на бубрезите:

Не го празните мочниот меур на време: Некогаш ви се случува едноставно да морате да бидете трпеливи, пред да ги извршите физиолошките потреби, но тоа не е добро да се прави долго и често. Ако тоа го правите секој ден, секако престанете, бидејќи тоа му штети на здравјето на вашите бубрези.

Не пиете доволно вода: Вашите бубрези, како и другите органи, имаат потреба од доволно вода. Недостатокот на вода може да доведе до слаб проток на крвта во бубрезите, што ќе ги оневозможи бубрезите да ги исфрлат штетните материи преку урината.

Јадете премногу сол: Консумирањето премногу сол, може да му наштети на целиот организам, а не само на бубрезите. Меѓутоа, токму поради тоа што најголемата количина сол оди во бубрезите, се случува тие да бидат најизложени од таа нездрава навика. Премногу сол во телото ја зголемува активноста на бубрезите што може да доведе до дехидрација и недостаток на вода во телото, која е неопходна за правилно функционирање на целиот организам.

Премногу протеини: Протеините се неопходни за нашиот организам. Оние кои активно се занимаваат со спорт, кои активно работат на зголемување на мускулната маса, се особено запознаени со тоа. Сепак, со претераното внесување протеини негативно влијаете на здравјето на бубрезите.

Премногу алкохол и цигари: Алкохолот и цигарите немаат корист за здравјето на луѓето. Како што му штетат на целиот организам, им штетат и на бубрезите. Можат да доведат до слаб проток на крвта во бубрезите, што може да го спречи и стопира исфрлањето на токсините – една од најважните функции на бубрезите.

Премногу кофеин: Иако здравјето има одредена корист од кофеинот, тој треба да се ограничи со внесување на максимум 3 кафиња на ден за да се задржи здравјето на бубрезите.