Агенцијата за храна и ветерина треба да е институција со реноме и да се грижи за граѓаните на Република Македонија да конзумираат здрава храна и да работи во нивен интерес кога станува збор за увоз на храна од други земји посебно ако земјите од кои се увезува храната се подложни или веќе се зафатени со одредена епидемија или болест која влијае на растот, развојот и производството на храна која потоа треба да се внесе во Македонија, АХВ треба да биде таа институција која сето тоа ќе го контролира и одобрува или не. Но, за жал тоа не е така веќе подолго време.
Агенцијата за храна и ветерина иако последниве 10-тина години има годишен тендер за земање мостри и правење на анализи за патогени микроорганизми и токсични резидуи со кои се конторолира влезот на прехрамбени производи во Македонија, таа тоа не го прави. Првично нашата редакција во неколку наврати реагираше за внесот на храна, поточно риба и морски плодови од територии на лов како ФАО 61, 67, 71, 77, 87 кои се високо ризични и радиоактивно токсични места за лов поради истекување на течност од реакторот на Фукошима во атлантскиот океан. Во нашите супермаркети може да се најде смрзната риба и морски плодови токму од овие места и при разговор со одговорните во АХВ, беше посочено дека тие немаат сознание или информација дека се внесло во Македонија такво нешто, и потврдија дека нема никаква опасност истото да се конзумира.
До оваа година, тендерската спецификација беше направена за да може да учествуваат државни институции кои можат да бидат одговорни и да ги имаат сите критериуми неопходни за независно да ги изведуваат овие анализи бидејќи се работи за анализи со кои може да се влијае на човековото здравје. Од оваа година критериумите се променија и се овозможи лаборатории без искуство, без соодветен кадар во Македонија, без човечки ресурси и со ДОГОВОР за соработка со останати лаборатории и надвор од земјата кои ги имаат акредитирано методите иако тие самите не можат да ги изведат во нашата земја, да ги добијат ваквите тендери и ние како граѓани треба да се потпреме на мислење кое не е поткерепено со никакви анализи и да веруваме на АХВ и нивните соработници дека храната и прехрамбените производи кои се конзумираат од граѓаните се во ред и дека немаат никаква опасност по животот на тие што ја конзумираат
Во последните две години се дозволија повеќе приватни контролни лаборатории да добијат акредитација на многу лесен начин и да можат да акредитираат методи иако не ги работат. Со ова значително се “либерализираше” контролата на храната во Македонија и се овозможи да се издаваат сертификати од акредитирани лаборатории кои притоа никој не ги проверува ниту одговараат за резултатите кои ги издаваат. Тоа е тоа што се лсучуваше до сега.
Во моментот имаме прва корегирана спецификација за тендерот од агенција за храна кој беше објавен на 18.03.2019 година (тендерска постапка 37-550/6/2019 https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-cancelation/641e6c80-c934-4f6f-b192-aa7700bdf252) која ги промени генералните критериуми иако имаше бројни коментари од одговорните технички лица, институции и лаборатории за потенцијалниот ризик при изведување на анализите. На оваа постапка имаше повеќе лаборатории добиено понуди (главно од приватни). Во оваа постапка после евалуација и е-аукции на кои после спуштање на цената тендерот го доби Факултетот за Ветеринарна Медицина на кои се спуштаа во цената со нова непозната на македонија приватна лабораторија “Фудлаб” која дојде во Македонија преку политички конекции и која брзо успеа да акредитира многу методи во соработка со лабораторијата во Бугарија учествуваше на НАЦИОНАЛНИОТ ТЕНДЕР ЗА КОНТРОЛА НА ХРАНА иако најголем дел од анализите ќе се изработуваа во Бугарија, без притоа да се води евиденција како би се транспортирале прехранвените производи во странство, ладен ланец, како и доказ доколку се добијат анализите како и за колку време е добиен резултатот.
После сето ова , откако се увиде или очигледно беше дека нема да профункционира постапката беше неосновано поништена (https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-cancelation/641e6c80-c934-4f6f-b192-aa7700bdf252)
За да истата тендерска постапка биде реобјавена на 22.07.2019та година https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/1b6a0c4a-3e07-4bbd-8526-afc6ecfa8eeb/1.
На што се должеше пролонгирањето што доведе до 6 месеци да нема контрола на храната која се произведува и увезува во Македонија и да не се знае што јадат македонските граѓани и да се стави во ризик здравјето на луѓето. Останува тек допрва да се дознае, во меѓувреме само како информација да се знае дека актуелната тендерска постапка за која се говори тежи 35.100.000,00 денари без ДДВ или попластично да се разбере нешто повеќе од 570 илјади евра.
Дали сето ова наликува на местените тендери на Венко Филипче и чекањето на време за да излезе тендерот во постапка како што одговара на тие што го „подготвуваат“ или позади сите вакви и слични ситуации се крие само една личност?