Пиперката е еден од најздравите производи на светот, бидејќи е богата со многу хранливи состојки и минерали, како што се витамините Ц, А и Е.
Освен тоа, богати се со каротеноид зеаксантин, кој е исклучително важен за здравјето на очите, таа содржи околу 300 милиграми витамин Ц, повеќе од лимонот и портокалот.
Токму затоа пред многу години се користела за лекување скорбут – болест што настанува поради долготраен недостиг на витамин Ц.
Освен тоа, пиперките помагаат во борбата со вишокот килограми. Содржат околу 50 калории, малку маснотии и јаглехидрати и многу вода. Исто така, богати се со магнезиум, железо, калиум, калциум и бета-каротен.
Црвена, зелена и жолта – која е најздрава?
Се разликуваат според периодот на зреење. Имено, зелените пиперки се берат додека се многу млади и имаат малку горчлив вкус.
Жолтите пиперки се берат средно зрели, додека црвените пиперки созре ваат уште еден месец.
Поради највисоката количина на витамин Ц, како и многуте секундарни масла, црвените пиперки се најздрави.