Професори од Кина направија интереснио истражување во кое вклучија дури 31.750 возрасни луѓе, со просечна старост од 61 година. Нивна задача било да ги откријат своите навики кога е спиењето во прашање.
Во текот на шесте години колку што траело ова истражување од областа на медицината, експертите откриле 1.438 мозочни удари, а 110 случаи биле токму помеѓу овие испитаници.
По разгледувањето на статистичките резултати од оваа анкета, возрасните кои рекле дека спијат девет или повеќе часови во текот на ноќта имале 23 отсто поголеми шанси да доживеат мозочен удар, за разлика од оние кои спиеле помалку од осум саати.
Сите ние понекогаш чувствуваме замор, но ако високо ниво на исцрпеност чувствуваме секој ден, време е да се обратиме кај својот матичен лекар.