За „одбрана“ против летните напади од комарци, има и природни начини. Еве неколку совети што можете да користите:

Лукот има неколку својства на одбивање комарци. За да се испроба овој метод, се гмечат неколку чешниња и потоа се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ собата, гаражата итн. Комарците ќе исчезнат за неколку минути, а и мирисот на лук многу брзо ќе испари, така што нема потреба од никаква грижа.

Маслото од лаванда има мирис што комарците не го поднесуваат. Значи, само испрскајте низ домот, а може и на телото, па комарците ќе избегаат.

И талогот од кафе може да помогне – онаму каде што има застоена вода. Тоа е едно од вообичаено место за размножување на комарците, а сè што треба да се направи е да се истури малку талог од кафе во старата вода. Јајцата на комарците така ќе излезат на површината и ќе угинат.

Нането, исто така, помага. Само поставете свежо масло од нане, или пак, свежо набрано како растенија, некаде во домот, па комарците ќе исчезнат.