Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на Фејсбук во кои пишува дека не запира епидемијата на незаконски назначувања на директори на средни училишта од страна на СДСМ.

-Почитувани,
Не запира епидемијата на незаконски назначувања на директори на средни училишта во Скопје од страна на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов под менторство на аболицираниот премиер Зоран Заев.

На незаконски и скандалозен начин во СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје за директор е избрана Елизабета Ангелеска.
Ангелеска е именувана за директор во време на избори и со фалсификат сертифкат за познавање на англиски јазик, АПТИС Б2 ниво.
Според документите огласот е објавен на 30 јануари 2019, а интервјуто за директор од страна на Училишниот одбор е закажано на 20 февруари. Со цел да се заврши сѐ пред изборите истиот ден Комисијата за разгледување на документите дава извештај до Училишниот одбор дека сите документи се комплетни согласно законот и примени во законски рок.

Зошто толку се брзало со изгласувањето на Ангелеска како предлог до градоначалникот Шилегов?
Дали како единствен кандидат испратен до градоначалникот Шилегов е поради прикривањето на фалсификат сертификатот за англиски јазик?
Зошто градоначалникот Шилегов не ја именувал откако Училишниот одбор дал предлог и тоа во законски предвидениот рок?
За СДСМ и Шилегов не важат законите затоа што доставеното решение на Шилегов е надвор од секаков законски рок.
Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат веднаш да регираат за сите незаконски дејствија во врска со изборот и назначување на директор на СУГС „Браќа Миладиновци“?
Дали е законско решението на градоначалникот Шилегов за назначување на Ангелеска за директор?
ДПИ да ја провери валидноста на сертификатот за познавање англиски јазик на Ангелеска и на кој начин е истиот обезбеден?

СДСМ ги гледа училиштата само како места за назначување несоодветни партиски кадри, а поради тоа трпат наставата и учениците.
По 12 април доаѓа владеење на правото и обнова на образованието, стои во нивниот пост на Фејсбук.