Комисија за здравсто на ВМРО-ДПМНЕ на својата официјална фејсбук страна објави пост во кој посочи дека квалитетниот образован кадар од КАРИЛ во услови на ковид-криза треба да биде насочен кон круцијалните точки на ковид-зоните и кон обезбедување на анестезиолошки третман во Клиничкиот центар каде треба да се започне со третман на болните со малигните заболувања и итните пациенти. Прашуваат: Зошто во ниту една комисија, па и Комисијата за заразни болести нема професори од катедрата по Инфективни болести, Епидемиологија и Анестезија. Зарем на овој систем не му требаат интелектуалци, колеги кои се докажале во земјата и странство?
Во продолжение го објавуваме постот од официјалната фејсбук страна на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:
– Во последно време сведоци сме на алтруисти кои својата емпатија кон пациентите ја изразуваат од канцеларија наместо да се вклучат во ковид зоните. Не би сакал да го доживееме италијанското сценарио, но организацијата на овој здравствен систем тоа го наговестува. Точен е фактот дека КАРИЛ го има насекаде (Велес, Кавадарци, Градската болница – 8 Септември и Клиниката за инфективни болести), но дали така квалитетниот образован кадар од КАРИЛ во услови на ковид криза треба да ги покрива Болниците во Велес и Кавадрци. Што е со нивниот персонал? Персоналот од КАРИЛ треба да биде насочен кон круцијалните точки на ковид зоните и кон обезбедување на анестезиолошки третман во Клиничкиот центар каде треба да се започне со третман на болните со малигните заболувања и итните пациенти. Се разбира за непречено обавување на оваа дејност потребно е да се следат протоколите и редовно земање на брисеви на елективните пациенти. Мислам дека околу тајмингот на добивањето на овие резултати се уште има проблем во Клиничкиот центар.
– Странска помош секогаш е добредојдена. Сепак нашите пријатели имаат поквалитна интензивна медицина. Ако странска помош бараа Италија, Шпанија, Србија тогаш зошто да не побараме и ние. Зошто во ниту една комисија, па и Комисијата за заразни болести нема професори од катедрата по Инфективни болести, Епидемиологија и Анестезија. Зарем на овој систем не му требаат интелектуалци, колеги кои се докажале во земјата и странство.
– До каде е примената на неинвазивната хелмет(кацига) вентилација? До каде е континуираната заместителна бубрежна терапија (CRRT)- спора хемодијализа со примена на цитокински филтри која се применува во приватните болници кај нас? Приватните болници имаат успех со примената на оваа терапија кај ковид пациентите. До каде е примената на ЕКМО терапијата?
– Секоја чест на вистинските борци кои учествуваат во третманот на овие пациенти, но позади нив стојат експонирани манипуланти, партиски послушници и канцелариски стаорци кои маката на пациентите ја користат за самопромоција.