Изминативе неколку недели низ етерот на Македонија, како и на здравство.мк можевте да прочитате за радиоактивната храна која се чува во фрижидерите по супермаркетите. Агенцијата за храна и ветеринарство ја контактиравме во неколку наврати од таму добивме првично одговор дека нема никаква радиоактивна храна и дека храната која се увезува во Македонија е во ред за конзумирање. Во вториот обид за контакт на АХВ, испративме и слики да се знае за која храна станува збор од кој увозник и декларација и зошто се сомневаме дека има одредена доза на радијација во неа.

Но, и покрај нашите преставки, сомнежи и доставени слики дека храната е уловена во зони на лов кои имаат одредена радијација во морските струи и дека дел од таа радијација го има зафатено и рибниот свет, посебно за оние риби и котлети кои се увезени кај нас. Од АХВ овој пат не добивме никаков одговор. Сторијата ја посочивме на граѓаните и по втор пат, но се случува нешто многу поопасно.Во маркетите и денес после повеќе од еден месец може да се најде храна од увозникот кој ја дистрибуира храната уловена во зоните на улов кои гласат како радиоактивни зони низ целиот свет. До сега нема ниту една инспекција испратено, никаков допис дека тоа е средено не е пратен до нашата редакција како и најстрашното таа храна не е повлечена од продажба од супермаркетите. Продолжите да не следите утре, лиферуваме нови информации за радиоактивната храна, кои се новите видови храна кои се уловени во зоните на улов со радиоактивна контаминација и како да се заштитите, што да избегнувате да не купувате по супермаркетите.

 

 

Најчудното од се до сега е што и покрај сите написи, сите коментари по социјалните мрежи, целата фама околу храната што ја конзумираат македонските граѓани, во ниеден наврат тоа не го заинтересира министерот Филипче, тој не се одзва како најодговорен за здравјето на граѓаните на Македонија, да даде изјава, да го осуди овој увоз или да демонстрира став или стратегија како ќе се борат против ваквите појави во иднина. Едноставно граѓаните како и секојпат кога се чека реакција од министерот се оставени сами на себе. Каде е вашата реакција министре Филипче, народот чека објаснување, план за борба против радиоактивниот увоз? Кога ќе реагирате? се прашањата кои кружат по соцјалните мрежи.