Коронавирусот предизвикува згрутчување на крвта, нова смртоносна компликација

Мајкл Реган, 49-годишен Американец кој се заразил со коронавирусот кон крајот на март, имал неколку различни симптоми на вирусот, висока температура, останувал без здив, но и крвава кашлица. По неколку…

Мајкл Реган, 49-годишен Американец кој се заразил со коронавирусот кон крајот на март, имал неколку различни симптоми на вирусот, висока температура, останувал без здив, но и крвава кашлица. По неколку недели домашно лекување успеал да закрепне. Тој го примал лекот против маларија хидроксихлороин, заедно со антибиотикот азитромицин (попознат како Сумамед) како дел од клиничкото испитување за ефикасноста на овие лекови против коронавирус.

Но, Реган започнал да чувствува остра болка во градите на почетокот на минатата недела со враќање на високата температура. Тој отишол во болница, каде што лекарите му рекле дека има пневмонија поврзана со коронавирусот. И тогаш пулмологот му рекол дека има десетици мали згрутчувања на крвта во белите дробови. Морал да остане во болницата, каде му бил даден активирач на плазминогено ткиво, протеин кој се користи за лекување на мозочни и срцев удари затоа што ги разложува згрутчувањата на крвта. Следниот ден бил испратен дома со лек против згрутчување на крвта.

Реган имал среќа на крајот, но неговиот случај е само последниот потсетник за тоа колку сè уште има непознати за Ковид-19 и неговиот ефект врз телото. Респираторната инфекција е, се разбира, главен симптом на инфекцијата кај овој коронавирус, како и тешка пневмонија што е главната причина за смрт кај сериозно болните пациенти.

Но, другите компликации, како што се проблеми со срцето и бубрезите, сè повеќе почнаа да го привлекуваат вниманието на лекарите и научниците. И, најзагрижувачко е појавата на згрутчување на крвта во целото тело на некои пациенти: во белите дробови, бубрезите, срцето и вените по целото тело. Се разбира, овие згрутчувања потенцијално предизвикуваат срцеви и мозочни удари и белодробна емболија кои можат да доведат до смрт на пациентот.

Според обдукциите од „ Northwell Health “, приватен ланец на американски болници, дури 40% од пациентите со коронавирус кои починале откако биле пуштени од болниците, се чини дека имале срцев удар, пулмонална емболија или слична компликација поради згрутчување.

И холандските истражувачи исто така откриле во една неодамнешна студија дека една третина од 184 пациенти кои завршиле на интензивна нега поради коронавирус имаат компликација поврзана со згрутчување на крвта, без разлика дали е во нозете, белите дробови, срцето или други делови од телото.

Иако ова се чини како прилично бизарна последица на инфекцијата, коронавирусот не е првиот што предизвикува вакви компликации. Лекарите забележале и зголемен ризик од формирање на тромб кај оние заразени со вирусот на грип Х1Н1, познат како свински грип што избувна ширум светот во 2009 година и САРС во 2003 година. Но, со новиот коронавирус, згрутчување на крвта се јавува почесто во белите дробови, посочуваат лекарите.


Related Articles