Коронавирусот зарази нови 113 лица, а 22 годишник го загуби животот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6,…

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2.

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје (64г., 22г. и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399,  бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402. Денес се евидентираат три контролни теста.


Related Articles