Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 158, Прилеп – 22, Велес – 20, Битола – 17, Куманово и Кавадарци – по 11, Охрид – 10, Струмица – 9, Ресен – 8, Кочани и Кичево – по 5, Штип и Неготино – по 4, Гостивар и Радовиш – по 3, Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции.
Регистрирани сe 315 оздравени пациенти од: Скопје – 203, Битола – 17, Прилеп и Велес – по 14, Куманово – 13, Кавадарци – 9, Гостивар – 7, Кичево – 6, Струмица, Ресен и Тетово – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Неготино, Крива Паланка и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.917.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.