Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 871, бројката на оздравени пациенти е 12 054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 208. Најмногу активни случаи има во: Скопје 755, Куманово 277, Гостивар 146, Прилеп 143, Тетово 121 и Штип 111.
Досега во земјата се направени вкупно 154 948 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Во однос на скопските општини, по завршените епидемиолошки анкети денешната распределба на активни случаи изгледа вака:
• Чаир – 88
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 110
• Карпош – 78
• Центар – 81
• Кисела Вода – 87
• Ѓорче Петров – 42
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 30
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4