Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово на денешната 27 седница повторно побара од надлежните здравствени иснтитуции да им дадат приоритет на тестовите од земените брисеви за здравствените работници од Куманово.

– Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат Центарот Јавно Здравје – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово, се вели во соопштенито на штабот.

Согласно актите на Владата на Република Северна Македонија и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски треба да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење не-евидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот, притоа  треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. Дежурниот телефон за најава е 075 273 192

– Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица  ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР), се вели во соопштението.

На овој начин, додаваат од штабот, на не-евидентираните земјоделците ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи, појаснуваат во соопштението на штабот.