КСОМ е против задолжителна вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор. – Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор…

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор.

– Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од Ковид-19. Мнозинство од работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор, велат од КСОМ.

Тие ја поздравија кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но велат дека на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело.

– Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата преиде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедуваењ решиле дека не сакаат да се вакцинираат, додаваат од КСОМ.


Related Articles