КСС предупредува на опасноста од популистичките мерки од страна на Владата преку Мила Царовска

Министерката се обидува својот неуспех во МТСП да го покрие како Вицепремиер и да покаже дека социјалниот дијалог постои, обвинуваат од КСС. Ние, како најголем синдикат во јавниот сектор јавно…

Министерката се обидува својот неуспех во МТСП да го покрие како Вицепремиер и да покаже дека социјалниот дијалог постои, обвинуваат од КСС. Ние, како најголем синдикат во јавниот сектор јавно изјавуваме дека Конфедерацијата на слободни синдикати беше нападната и опструирана од таа иста министерка и јавно кажуваме дека на социјалниот дијалог местото му е во МТСП и Економско – социјалниот совет.

После неуспешната епизода во Министерството за труд и социјална политика, министерката Мила Царовска се обиде социјалниот дијалог да го пренесе во Владата како Вицепремиер, но сега собирајќи ги и стопанските комори, изоставувајќи ги „невладините“ подобни за неа.

Имено, министерката се обидува својот неуспех во МТСП да го покрие како Вицепремиер и да покаже дека социјалниот дијалог постои.

Ние, како најголем синдикат во јавниот сектор јавно изјавуваме дека Конфедерацијата на слободни синдикати беше нападната и опструирана од таа иста министерка и јавно кажуваме дека на социјалниот дијалог местото му е во МТСП и Економско – социјалниот совет.

Министерката го узурпираше Економско – социјалниот совет и го уништи социјалното партнерство и социјалниот дијалог преку фалсификати и злоупотреба на службена должност, нанесувајќи голема штета на работниците во државата и донесувајќи насилно популистички мерки.

Македонија е втората држава во историјата на Европа после Украина која ќе подлежи на специјална мисија поради напад на синдикатите и синдикалните лидери, поради уништување на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, поради насилно одземање на синдикати, поради отказ на синдикалните лидери и нивно деградирање, што само по себе кажува за нејзниот успех.

Обидувајќи се да го сокрие својот неуспех и насилничкото однесување како министер во МТСП се обиде социјалниот дијалог да го пренесе надвор од МТСП, во Владата на Македонија,

Ние сега се прашуваме кој во Владата е одговорен за социјалниот дијалог и социјалното партнерство? Што се обидува да направи министерката? До каде ќе оди нејзината дрскост? И уште колку е подготвена да нанесе штета на работниците?

КСС јавно се обраќа до министерката, впрочем како и во изминатите две ипол- три години дека нема да дозволи еден човек којшто државава ја претвори во невладини организации да биде фактор којшто ќе ги уназадува работничките права и ќе биде гласноговорник за носење на популистички мерки со кои ние и како синдикат и како работници ќе бидеме загрозени.

Затоа и препорачуваме да ги тргне рацете со нејзините невладни организации од сферата на нашето делување и да го остави социјалниот дијалог и социјалното партнерство да го водат вистинските социјални партнери. Во спротивно, ние како синдикат како и во минатото така и сега, независно што сме влезени во предизборен период ќе преземеме радикални мерки и исто така институционално ќе побараме одговорност од сите што нанеле огромна штета на социјалниот дијалог, социјалното партнерство и работниците.

Ве потсетуваме дека КСС како сила на новото време секогаш било на браникот на одбрана на работничките права и верувајте како секогаш во минатото ќе се соочите со нас, но овој пат многу порадикално ќе презмеме мерки кои ќе бидат во насока на ваше финално заминување.

И на крај, Ве прашуваме министерке освен измени во Законот за работни односи за полесно давање отказ донесен без кворум во Економско – социјалниот совет и пројден во Собрание на 28 јули 2018 година, кој закон во корист на работниците и кој закон како нов е донесен во државата??? Нема!!! Само глумење инклузивност, популистички мерки, деградирање, откази и… листата е долга и потребни се денови за да се допише.


Related Articles