Пациентите со цистична фиброза на кои им е неопходна терапијата со лекот „трикафта“, наместо на крајот на февруари, лекот ќе добијат на крајот на месец март. Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите информираше дека веќе била направена нарачка од единствениот производител во вредност од 2,2 милиони евра.
– Лекот се произведува само по нарачка и беше кажано дека за времето на производство и дистрибуција потребни се 30 дена, изјави премиерот.
Ваквото делување на властите се случи откако еден од најкритичните пациенти со цистична фиброза почина бидејќи не успеа да ја дочека терапијата со лекот „Трикафта“.
Инаку во меѓувреме во Собранието на Македонија се испратени измените на трите закони со кои државата во иднина ќе може да купува „Трикафта“ и други скапи лекови директно од производителите по поефтина цена.