На 9 и 10 април 2019 година во Ашгабат, Туркменистан, Ленче Милошева присуствуваше на СЗО европската конференција на високо ниво за незаразни болести : Време за испорака – остварување на целите за незаразните болести и воспоставување на одржливи развојни цели во Европа.
Од неофицијални извори блиски и упатени во целата проблематика дознаваме дека државниот секретар во министерството за здравство, Владимир Милошев, без трошка срам и морални вредности ја акредитирал својата сопруга да му биде преставник на министерството за здравство на Европската конференција во СЗО за незаразни болести. Тоа како потег не ги изненадува граѓаните, болните, пациентите на оваа држава, бидејќи сме самите сведоци на тоа што се случува како занемарување и манипулација секојдневно. Изненадува податокот дека сопругата на државниот секретар која веќе била присутна на конференцијата и не преставувала таму, не е компетентна да го прави тоа. Ленче Милошева единствената способност која што ја има како квалитет е тоа што е сопруга на Владимир, државниот секретар.
Ленче Милошева, има завршено Филолошки факултет смер психологија и како таква не одговара на описот и позицијата која е испратена да ја преставува бидејќи нејзината вокација нема никаква врска со незаразни болести, бидејќи нема никакви допирни точки за да биде познавач, а камоли уште повеќе координатор пред поголем аудиториум на темата незаразни болести.
Имаше соодветни реакции и по социјалните мреѓи од нејзините колеги кои не се согласуваат некој до толку да ја понижува фелата и наместо компетентен кадар да се испраќаат кадри кои исполнуват само еден од условите, се во роднинска врска или блиски на високи функционери на актуелната власт.
Инаку на конференцијата учествуваа над 350 министри, високи претставници од СЗО и национални координатори од 53 европски земји. Главниот фокус беше поместување од ниво на земја до интернационално ниво преку планирани акции, сѐ до постигнување на поставените цели до 2030 година.
Кога министерот Филипче ќе поведе евиденција какви кадри се испраќаат и каде? До кога ќе се соочуваме само со вакви скандали од невидени размери а секојдневно се збори за напредок и прогрес?
Со ваква власт сето тоа многу тешко – порачуваат граѓаните