Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1 226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.

Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 025, бројката на оздравени пациенти е 1 646, а на починати е 153.

По општини активни случаи во Скопје најмногу има во Чаир – 152. Во Бутел се 59, Гази Баба – 58, Аеродром – 53, Сарај – 52, Центар – 52, Карпош – 40, Кисела Вода – 29, Арачиново – 23, Студеничани -18
Ѓорче Петров – 17, Илинден -17, Шуто Оризари – 12, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се осум, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во рамки на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани вчера девет тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на Ковид -19.