СЗО го демантира “доктор“ Заев: Нема докази дека заразата слабее, короната уште е вирус-убиец!

Лидерот на СДСМ изјави дека вирусот слабее во неговиот ефект, само за да проба да ја оправда неговата цел за брзи корона-избори. Екс-премиерот вели дека сите се асимптоматски случаи и…

Лидерот на СДСМ изјави дека вирусот слабее во неговиот ефект, само за да проба да ја оправда неговата цел за брзи корона-избори.

Екс-премиерот вели дека сите се асимптоматски случаи и ставајќи се себеси во улога на доктор, оцени дека коронавирусот слабее.

-Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника, рече Заев.

Но, демант за овие негови измислени изјави пристигна од Светската здравствена организација.

Светската здравствена организација ги отфрли тезите дека коронавирусот станал помалку вирулентен, по тврдењата на водечки италијански лекар дека Ковид-19 загубил дел од својата сила.

-Тоа воопшто не е случај, изјави директорот за вонредни ситуации на СЗО Мајкл Рајан.

Директорот на СЈО, кој е епидемиолог, со оваа изјава, го демантираше и Зоран Заев.

Рајан вели дека е опасно да се верува во такви теории.

„Новите вируси можат да предизвикаат една од овие две работи кај луѓето: тие можат постепено да се развијат и да станат помалку патогени или, понекогаш можат да станат уште повеќе патогени“.

Рајан вели дека не е во интерес на вирусот да ги убие сите кои ги инфицира затоа што тој самиот полесно ќе преживее доколку продолжи да се размножува меѓу луѓето.

„Мора да бидеме внимателни, ова е се уште вирус-убиец. Мора да бидеме особено внимателни да не предизвикаме чувство дека, одеднаш, вирусот, по сопствена волја, одлучил да биде помалку патоген. Тоа воопшто не е случај“.


Related Articles