Граѓаните на Република Македонија се на нозе во знак на хуманоста. Се организираат бројни активности и акции, се превземаат за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Низ цела држава се поставуваат штандови, во секое кафуле, се одржуваат забави, дури и Зоолошката градина организира парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара.

Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот двегодишен помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителите не можат сами да ги обезбедат. Додека сите се на нозе, власта молчи и не сака да помогне, изгледа во преден план им се нивните луксузи отколку животите на младите. „Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство.

Ветување кое го даваше Зоран Заев секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори, но како и сите други ветувања и ова се заборави. Доволно е Заев и Дончев да ја отворат страната donacii.mk и да видат колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство. Можеби по отворањето на оваа страна Заев и Дончев ќе започнат да се грижат за младите деца. Бидејќи детските животи не треба да гаснат поради неодговорноста на Заев и Дончев.