Дали знаете дека одредена крвна група е знак дека имате големи шанси на патувањата да се разболите? Стручњаците од Универзитетот во Вашингтон ја истражувале таа поврзаност, и заклучиле дека навистина постои таква причинско-последична врска.
Студијата, се покажало, е неповолна за припадниците на крвната група А, бидејќи тие имаат најголеми шанси во текот на патувањето, особено во текот на одењето на море, да се разболат.
Истражувањето покажало дека тие, особено во детството, се повеќе подложни на тешки стомачни инфекции во однос на припадниците на другите крвни групи.
Анализите на крвта покажале дека овој проблем го предизвикува бактеријата ешерихија коли, која напаѓа кога имунитетот е слаб, што е карактеристично за лицата со крвна група А.
Поради тоа научниците советуваат пред патување да го зајакнат имунитетот и на тој начин да се обидат да го предупредат стомачниот вирус, за одморот да не им пропадне. Препораката е и да се обрне внимание на храната и да се пие само вода од шише.