Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар денеска изјави дека 17 пациенти од Македонија се во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш, јави МИА од Белград.

Тој нагласи дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, и дека пристигнуваат уште 12 пациенти на лекување во Србија.

Лончар за РТС изјави дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни.

-Се прави дијагностика и терапија, се прават преврски. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме ние сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот, изјави Лончар.

Воедно им се заблагодари на граѓаните кои се јавија и понудија помош и кои сакаа да донираат кожа за трансплантација.

-Покажавме дека сме нормални луѓе, дека сакаме да помогнеме, дека сме солидарни, рече Лончар.