Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на подобрени вакцини против Ковид-19, кои покажаа ефикасност во одбраната од широко распространетите варијанти на сојот омикрон.

Во пракса тоа значи дека нивната употреба би можела да започне кон крајот на септември.

Во понеделникот, ФДА даде зелено светло за употреба на вакцини ефикасни против варијантата KSBB.1.5, произведени од Фајзер/Бионтек и фармацевтската компанија Модерна, додека вакцината Новавакс сè уште се анализира од здравствените власти.