Само 400 граѓани во Македонија дарувале тромбоцити. Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека засега се покриваат потребите за хематолошките и онколошките пациенти, но неопходно е да се зголеми бројот на донори зошто постојано има нови случаи со малигни заболувања кои имаат потреба од ваква крвна компонента.

-Ги задоволуваме минимум потребите и во координација сме со црвениот крст за формирање стратегија, изјави д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина.

Годишно на трансфузија имаат околу 230 донации на тромбоцити. Имаат  листа на дарители кои по потреба ги викаат да донираат крвна компонента за тешко болните пациенти. Директорот на Институтот објаснува дека тромбоцитоферезата трае до 45 минути. Преку овој апарат се зема крв се вадат тромбоцити и крвта повторно се враќа на дарителот. Процедурата е иста како и при обично крводарување.

-Треба да се исполнат одредени критериуми. Со дополнителни лабораториски анализи ( крвна слика) се прави крвна група и се прават детектирања на антитела кај донорот. Исатовремено пред донација се прави детекција заболувања. Значи преку крвна слика ние одредуваме дали донорот е прикладен да дарува тромбоцити, додаде д-р Усеини.

Инаку еден хуман граѓанин може да дарува тромбоцити и до  12 пати годишно. И тие се делат според крвната група.