Бизнис секторот алармира дека Македонија полека, но сигурно останува без квалификувани работници. Во моментов над 60% од компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила, а фабриките кубурат со потребен кадар. Квалификуваните речиси и да ги нема, а оние што бараат работа, ретко прифаќаат да се преквалификуваат.
Од стопанската комора велат дека работниците не сакаат да работат со пониски кфалификации иако платите што се нудат се повисоки. Дополнителен проблем е и тоа што веќе од 1-ви март Германија ги отвора вратите за земјите од Западен Балкан. Ова дополнително создава страв кај стопанствениците, бидејќи како што посочуваат тие со високо образование не сакаат да работат на пониски работни места.
И од Агенцијата за вработување се свесни за проблемот со недостиг на квалификувани работници. Но, кога се во прашање платите, оттаму без одговор на понудените 14.500 денари во Македонија и над 2.000 евра во Германија.
Надлежните се обидуваат да ја сменат состојбата, но неуспешно, па така повторно подготвиле Оперативен план за вработување. За годинава тој бил по мерка на бизнисот и неговите совети, но и овој пат во него не се содржани ставовите и советите на образовните институции, што досега беше една од клучните забелешки на експертите.
Младите и понатаму не ја гледаат Македонија како сигурна економија, чарето си го бараат надвор од држават, а надлежните се уште немаат конкретна стратегија која вклучува дела, а не зборови.