Долготрајно високите температури ја зголемија темературата на водите во македонските езера. Во Дојранското Езеро е измерена температура од 30 степени.
Од УХМР информираат дека температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 30 степени Целзиусови,во Преспанското Езеро се измерени 28,5 степени, а во Охридското 26,5 степени.
УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.