Средношколците излегоа на протест против загадениот воздух. По средношколците, по долгиот молк за загадувањето и за загадениот воздух низ Македонија излезе на Топ тема на телевизија Телма и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Тој повика на доверба во институциите иако рече дека ништо не е сјајно со СДСМ.
-Политичарите и граѓаните имаат своја одговорност и создавањето на паника не мислам дека е добра работа. Вие ако не верувате на европските институции, не верувате во домашните институции, живееме во свет во којшто постојат правила, ја обвини Макрадули претставничката на О2 Коалиција, Невена Георгиевска.
Макрадули изјави дека во Македонија постојат строги правила на увоз на отпад построг и од оној на европските земји. За судските процеси коишто се водат за стандардите за депониите, Георгиевска рече дека СДСМ и Макрадули ја имаат власта и досега тие проблеми требаше да бидат средени, на што Макрадули упорно повторуваше дека треба да се врати довербата во институциите, што според ова јасно покажува дека СДСМ е свесна дека граѓаните повеќе не и веруваат на власта.