Во Општата болница во Велес наместо да се примат кандидатите кои имаат најмногу бодови, се примија пет доктори кои имаат помалку бодови, а меѓу нив и последно рангираниот.

-Наместо првите пет лица од десет кои конкурираа на огласот за лекари од општа пракса објавен од Општата болница во Велес  се примија  четвртиот, петиот, седмиот, осмиот, како и полседно рангираниот десеттиот. И ова не е прв случај, туку еден од многуте, вели нашиот извор.

Истиот прашува зошто тогаш конкусри и рангирања на пријавените кандидати.

-Кога веќе не се примаат оние кои се најдобро рангирани, односно примаат последните кои се на ранг листа логично е да се постави прашањето зошто рангирања, укажува нашиот извор.

Ова како што велат упатените е случај во сите јавни здравтсвени установи, и тоа како за општи лекари, така и за специјалисти, но и за средно медицинскиот кадар како медицински сестри, лаборанти и слично.