Четириесет проценти од граѓаните услугите во здравството ги плаќаат од сопствен џеб. Упатените велат дека тоа не се добри показатели за состојбите во здравството и оти нешто треба да се смени. Јавноста дополнително ја бранува најавата за отпочнување на јавно приватно партнерство во здравството.

Во аптеките лековите кои за граѓаните се на товар на Фондот за здравствено осигурување се појавуваат во почетокот на месецот и потоа бргу ги снемува. За повеќе од луѓето, нејасно е зошто ги нема неопходните лекови, кои може да ги купат приватно. Честиот недостиг на лековите од позитивната листа, според упатените, е последица на неколку проблеми од кои дел се од економска природа, а други се последица на проблеми со нерационално трошење на лекови.