Иако малините можеби не се толку популарни како боровинките и јагодите, тие имаат големи придобивки за нашето здравје и можат да направат чуда за нашето тело, посочуваат нутриционистите. Од нутритивни придобивки до задоволување на нашите слатки желби, нема речиси ништо што малините не можат да направат.
Го зајакнувате имунитетот: Малините се хранливи и вкусни, влијаат на здравјето на целиот организам. Тие се богати со многу есенцијални хранливи материи кои му се потребни на вашето тело, вклучувајќи влакна, витамин Ц, Е, манган и витамин К.
Го намалуваат крвниот притисок: Јагодите, малините, капините, боровинките содржат антиоксидантни антоцијани соединенија, кои се еден вид флавоноиди. Едно истражување ги следело податоците на повеќе од 34.000 луѓе со хипертензија во текот на 14 години. Луѓето кои консумирале најголеми количини антоцијани преку храната имале осум отсто помал ризик од компликации поради покачен крвен притисок. Сепак, нема доволно докази дека бобинките можат да ги намалат вредностите на високиот крвен притисок.
Коските и кожата ќе ви бидат посилни: Малините се богати и со манган и витамин К, без кои нема здрави коски. Покрај тоа, во помала мера содржат и витамини Е и Б, магнезиум, бакар, железо и калиум.
Ќе го збогатите телото со влакна: Малините се богати со диетални влакна, кои се неопходни за здрав организам. Во само една порција малини има осум грама влакна. Со оглед на тоа што препорачаната дневна доза на влакна е помеѓу 22 и 35 грама во зависност од полот и возраста, малините се одличен извор на влакна. Тоа значи дека само една шолја малини задоволува дури една третина од дневните потреби за влакна.
Ќе ја задоволите потребата од слатки: Тие се одличен избор за оние кои се грижат за нивото на шеќер во крвта, но и за сите оние кои треба да ја намалат телесната тежина. Малините можете да ги јадете сами или како додаток на друга храна. Да речеме дека смути од малини е одличен додаток на влакна во вашето дневно смути. Освен тоа, малините ќе му дадат совршена боја и вкус на вашето смути или житарки кои обично ги јадете за здрав појадок.