Јагодата содржи голем број корисни состојки. Освен што се вкусни, тие се и полни со витамини и андтиоксиданси. Ова се главните предности кои јагодата која е позната како кралица на овошјето.

Ги согорува насобраните масти: Црвената боја на јагодите содржи антоцијанини кои го стимулираат топењето на мастите.

Го подобрува помнењето: Истражувања покажале дека краткорочното помнење може да се подобри за 100 проценти со редовна консумација на јагоди.

Малку калории, многу влакна: Сто грама јагоди содржат само 33 калории и 58 мг витамин Ц. Јагодите се преполни во влакна кои му се потребни за организмот.

Го ублажуваат воспалението: Јагодата го намалува нивото на Ц-реактивниот протеин во телото кој укажува на воспаление.

Кардиоваскуларни болести: Го намалкуваат нивото на лошиот холестерол во телото, а тоа до воведува до намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

Ги зајакнува коските и имунитетот: Калиумот, витамините К и Ц и магнезиумот кои се важни за имунитетот и здравјето на коските ги има во јагодите. Јагодите имаат повеќе Ц витамин од портокалот или лимонот.

Добри се за здравјето на очите

Помагаат во борбата со ракот: Витаминот Ц во јагодите е еден од антиоксидансите кои помага во превенција на ракот. Нејзините состојки помагаат да се намалат бројот на зафатени ќелии кај лицата кои веќе се заболени.