Статистиките говорат дека во просек дневниот внес на шеќер во организмот на еден човек изнесува 22 лажици. Но, за го сочуваме нашето здравје и фигура, дневниот внес не би требало да биде поголем од 14 лажици.

Одрекувањето од шеќерот, доколку сте љубител на слатки, може да биде мошне тешко. Освен тоа што повеќето луѓе уживаат во слатките, шеќерот го има и во многу други прозводи така што создава зависност поради ослободување на хормонот допамин кој се активира кога шеќер ќе се внесе во организмот. Истовремено, нашето тело ослободува и инсулин, хормон кој помага во стабилизирање на нивоата на шеќерот во крвта.

Шеќерот предизвикува зголемување на хормоните допамин и серотонин во мозокот поради кои се чувствуваме добро, а кога нивоата на шеќерот ќе се намалат тогаш сме уморни и раздразливи. Зголеменото внесување на шеќер во организмот може да доведе и до сериозни здравствени проблеми како гојазност, дијабетес и болести на срцето. За среќа, тоа не значи дека не смееме воопшто да внесуваме шеќер, туку треба да се внесува во здрави количини. Еве како:

Читајте ги етикетите: Шеќерот има многу различни имиња под кои можете да го прочитате на етикетите и тоа: малтоза, сахароза, фруктозно пченкарен сируп, шеќер од трска, мед и концентрирани овошни сокови. Многу е важно н етикети да го читате и делот со дополнителни шеќери.

Елиминирајте го белиот шеќер: Експертите советуваат избегнување на рафинираниот бел шеќер. Тој многу брзо се раствора во крвта, предизвикувајќи скокови во нивоата на глукоза и инсулин кои можат да му наштетат на организмот. Овој тип шеќер се додава во голем број намирници како: ќечап, леб, конзерви и слично под некои од горе наведените имиња.

Избегнувајте слатки со јаглехидрати: Печивата, бисквитите, лебот и другите слатки направени од рафинирани брашно, многу малку или воопшто не содржат хранливи материи, но имаат висока содржина на шеќер кој влијане на неговите нивоа во крвта. Заменете ги брзите јаглехидрати со здрави, како зеленчук, овошје, млечни производи и цели зрна.

Одберете здрави грицки: Можете да пронајдете алтернативни грицки во чоколадите и слатките засладени со стевиа, екстракт од цимет или ванила. Но и во грицкањето на овие слатки треба да бидете умерени.

Значи уживањето во слатките не мора да престане, само треба добро да се информирате и да пронајдете интересни и здрави алтернативи. Запамтете, одберете производи кои немаат високи нивоа на рафиниран бел шеќер.