Храната која ја јадете може да влијае на здравјето на вашите полови органи, истакнуваат нутриционистите.

Одредени продукти можат да воспостават рамнотежа на pH вредноста на вагината и „да го зачинат“ сексуалниот живот, објаснува нутриционистка од Австралија Линди Коен.

Јогуртот, лососот, зелениот чај и белиот лук се само некои од намирниците кои можат да ви бидат од корист.

За репродуктивно здравје консумирајте намирници богати со витамини А, Е и Ц, кои можат да се најдат во компири, домати, банани и портокали.

„Овие витамини ви го зголемуваат либидото, циркулацијата и олеснуваат постигнување на оргазам“, објаснува Коен.

Белиот лук содржи антиоксиданси кои се важни за здравјето на вагината, додека лососот со помош на омега – 3 масните киселини кои ги има во себе ги ублажува менструалните болки.

Зелениот чај содржи антиоксиданси кои спречуваат воспалување на мочниот меур.

Коен истакнува дека за добро здравје на репродуктивните органи би требало да избегнувате слатки продукти, како и намирници богати со маснотии.

„Не ви препорачувам брза, пржена храна и сол. Потребни ви се овошје и зеленчук“, вели нутриционистката.