Во министерството за здравство денеска беа отворени понудите доставени од медицинските компании за имунизација на населението. Како што пренесува еден медиум во министерството не се читале јавно сите документи од договорот, така што јавноста не знае кој понудувач со кој производител има договор.

Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија беше на отворањето на понудите од тендерот за имунизација на населението. Отворањето помина во тензичка атмосфера со обвинувања за фаворизирање на одредени производители и забелешки за технички пропусти кај конкуренцијата.

Пет компании, меѓу кои и „Македонијалек“, вчера му понудија зделки на министерството за здравство за набавка на вакцини, раствори за вакцини и други трошоци поврзани со имунизацијата. Целиот тендер тежи 10 мииони евра, а меѓу нив е и набавка за вакцини против морбили. За сите делови од тендерот за набавка на различни вакцини, меѓу кои што и оние против морбили, се пријавија пет фирми: „Македонија лек“, „Феникс фарма“, „Елбијор“, „Пановски“ и „Алкалоид Конс“.

Со овој тендер ќе се набават повеќе различни вакцини, раствори и слично. Најмногу понуди, вкупно осум поднеле компанијата „Елбијор“, компанија која е релативно понова на пазарот на фармација и која што тендерите со крупни милионски суми почнува да ги добива во последните две години. Седум понуди поднесоа и компаниите „Феникс фарма“ и „Македонија лек“. „Алкалоид Конс“ поднеле понуди за 3 дела и „Пановски“ за еден дел од тендерот.