Администрацијата вработена во Клиничкиот центар и јавните здравствени установи како и помошниот немедицински кадар денес излезе од своето работно место за да го покаже незадоволството од месечните примања.
Тие се незадоволни бидејќи не добија зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри.
Протестот на администрацијата од Клиничкиот центар се одржа денес пред зградата на Министерството за здравство.
Револтот кај овие вработи дополнително е зголемен откако имале два обиди за средба со министерот за здравство Венко Филипче, но во двата случаи тој им ја откажал средбата објаснувајќи им дека има други обврски.
Претходно, тие преку соопштение до јавноста велат дека се изманипулирани и оставени да преживуваат со минимални примања. Велат дека нивните плати се минимални и се движат од 12.000 до 20.000 денари. Само во јавните здравствени установи во Скопје работат околу 6.000 вработени.
Кон протестот на вработените од Клинички се придружија и нивните колеги од повеќе поликлиники во Скопје.